INVITATION / ПОКАНА

DEAR COLLEAGUES

With this letter we invite you at the event,
II Congress of Differential Equations, Mathematical Analysis and Applications
CODEMA 2022
which at the same time is
X Seminar of Differential Equations and Analysis

Let us immediately mention that at the moment, we are living in a world in which nothing can be predicted thanks to the plague of this millennium CoVid-19. We, as individuals, can do almost nothing, as far as the disease is concerned, i.e. CoVid-19. It is a catastrophe that quietly, somewhere fast, somewhere slowly breaks through and finds its way. However, we as mathematicians and people working in the field of mathematics from our own point of view, must and can, like other professions, adapt to this evil of the millennium. For now, the situation is good, and in more than one year we hope it will be normal.
In conversation with my fellow colleagues, the decision was unanimous not to postpone the event indefinitely and to wait for the right moment to hold it, as it was in 2020. We decided to hold a combined conference with PHYSICAL PRESENCE (IN CITE) – INTERNET conference – according to the technical possibilities we have at the moment, as well as in the world in general. It will take place in Ohrid, Hotel Metropol Lake Resort, in the period
September 25 – September 28, 2022.
All information and registration form can be found on the website:
https://kogres.org.mk
and they will be available starting from the period 10.07.2021-20.07.2021.
On that occasion, WE INVITE YOU to take part in this combined event, On Cite-Internet, in which we may not all be in one place, but everything else remains the same. Of course, the fee that will have to be paid to participate in this event will be different, depending on your participation (on-line or with physical presence), which of course is logical. The first announcement of this event and additional supporting documents required for each participant will be sent to you by e-mail.
We especially want to emphasize that at this event a special place has been designated for the organization of an education conference called SATELLITE CONFERENCE ON METHODICS OF MATHEMATICS – SCMM. We are honored to invite all colleagues, mathematics teachers from primary and secondary schools in our country, as well as colleagues from around the world.
For participation in this event, as usual, certificates of participation, certificates of presentation and any other form of certificates that follow an ordinary congress will be issued. Please note that you will receive the certificates in electronic form, and the same certificates will be printed and mailed to you in the form PAPER at your address, together with the book of abstracts that will be printed and sent to you.
The realization of this conference / symposium / congress will be held through one of the ways to hold such events (such as Microsoft teams, Zoom or some other platform) for which we will further inform you.
For all your dilemmas and/or questions you can write us an e-mail on the following account
armaganka.makedonia@gmail.com
We hope you will enrich this event with your presence.
Best regards, CODEMA 2022 Organizing Committee

ПОЧИТУВАНИ КОЛЕГИ

Со ова писмо Ве покануваме на настанот,
II Конгрес по диференцијални равенки, математичка анализа и примени
CODEMA 2022
кој во исто време е и
X семинар по диференцијални равенки и анализа

Веднаш да напоменеме дека во моментов, живееме во свет во кој веќе ништо не може да се предвиди благодарение на чумата на овој милениум CoVid-19. Ние, како индивидуи, не можеме да сториме скоро ништо, што се однесува до болеста, т.е. CoVid-19. Тоа е катастрофа што тивко, некаде брзо, некаде полека се пробива и го наоѓа својот пат. Сепак, ние како математичари и луѓе кои работиме во областа на математиката од наша сопствена гледна точка, мораме и можеме, како и другите професии, да се прилагодиме на оваа зло на милениумот. Сега за сега, ситуацијата е добра, а за повеќе од една година, се надеваме дека ќе биде нормална.
Во разговор со моите колеги-соработници, одлуката беше едногласна да не се одложува настанот на неодредено време и да се чека погоден момент за да се одржи, така како што беше во 2020 година. Одлучивме да се направи комбинирана конференција и тоа со ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО – ИНТЕРНЕТ конференција – според техничките можности што ги имаме во моментот, кај нас, како и воопшто во светот. Конгресот ќе се одржи во Охрид, хотел Metropol Lake Resort, во периодот
25 септември – 28 септември 2022 година.
Сите информации и формулар за регистрација можете да ги најдете на веб-страницата:
https://kogres.org.mk
кои ќе бидат поставени во периодот 10.07.2021-20.07.2021 година.
По тој повод, ВЕ ПОКАНУВАМЕ да земете учество на овој комбиниран настан и тоа со Физичко присуство-Интернет, во кој можеби нема сите да бидеме на едно место, но сè друго останува исто. Секако, средствата што ќе треба да се усплатат за учество на овој настан ќе бидат различни, во зависност од Вашето учество (on-line или со физичко присуство), што секако е логично. Првото соопштение за учество на овој настан и дополнителни придружни документи потребни за секој учесник ќе ви бидат испратени по е-пошта до Вас.
Особено сакаме да нагласиме дека на овој настан е одвоено посебно место за организација на конференција за образование наречена САТЕЛИТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА МЕТОДИКА НА МАТЕМАТИКА – СКММ. Чест ни е да ги поканиме сите колеги, професори по математика од основните и средните училишта во нашата земја, како и колегите од целиот свет.
За учество на овој настан, како и обично, ќе бидат издадени сертификати за учество, сертификати за презентација и која било друга форма на сертификати што следат на секој конгрес. Сертификатите ќе ги добиете во електронска форма, а исто така, истите сертификати ќе бидат испечатени и испратени до Вас по пошта во ХАРТИЕНА форма на Вашата адреса, заедно со книгата на апстракти што ќе бидат отпечатени и испратени до Вас.
Реализацијата на оваа конференција / симпозиум / конгрес ќе се одржи преку еден од начините за одржување на вакви настани (како што се Microsoft Teams, Zoom или некоја друга платформа) за што дополнително ќе Ве информираме.
За сите Ваши дилеми и/или прашања може да се обратите на следниот e-mail
armaganka.makedonia@gmail.com
Се надеваме дека ќе го збогатите овој настан со Вашето присуство.
Со почит, Организационен одбор на CODEMA 2022